Зошто Киро Урдин е витез и уметник од светски ранг


Киро Урдин е роден 1945 година  во Струмица. Дипломирал на правниот факултет во Белград во 1969 година. Во периодот од 1971 до 1973 година работел како новинар, а подоцна  студирал на Академијата за уметност во Париз. Од страна на “Академијата на филмот” во Париз бил награден, а во 1982 – 1983 изработувал портрети на истакнатите учесници на “Струшките вечери на поезијата”. Од 1984 година тој работи како слободен уметник во повеќе земји.

Покрај сликарството и книгите ( афоризми “Le Dedoublement de la Personnalite”и “Le Dessin, le Pastel et l’Aquarelle of the contemporary arts” од издавачот Mayer) Урдин ги илустрирал книгите на Jacques Delors “Combats pour l’Europe” и на Анатолиј Карпов “Mes plus belles victoires”.

 Од работилницата на Урдин излезени се и неколку краткометражни филма – “Уметноста на Киро Урдин”, “Те сакам, Ибан” и “Планетариум” во продукција на МРТВ.

 

Сликата „Планетариум“( со површина од 48 м2.   ) која е  реализирана низ најзначајните културни центри на светот, спаѓа меѓу најголемите во современа Европа е откупена и поставена во зградата на електронскиот гигант NEWAUS, во Ејндховен – Холандија. “Планетариумот“ како мултимедијален проект се вбројува  меѓу првите  уметнички делa во ликовниот правец мондидализам. За „Планетариумот“ е снимен и филм  koj беше прикажан во официјалната селекција на познатиот телевизиски фестивал во Монте Карло ( 1998 год.)

За неговите изложби е пишувано во околу 600 весници, речиси во секоја од земјите каде што изложувал. Покрај спомнатите написи, има дадено и над 30 интервјуа за телевизиски канали.

Лани, на свеченоста во француската резиденција во Скопје, познатиот македонски уметник со светско реноме беше одликуван со орден „Витез во редот на уметноста и книжевноста“ на Француската Република, за придонес во развојот на пријателството и културните врски меѓу Франција и С Македонија.
 

 

Орденот „Витез во редот на уметноста и книжевноста“ е одликување во Франција е востановено на 2 мај 1957 година. Го доделува француското Министерство за култура на лица кои се истакнале со своето творештво во уметноста и книжевноста или придонеле за нивно ширење во Франција и во светот. Во земјава носители на ова одличје се и режисерката Теона Митевска Стругар, поранешната директорка на Македонската филхармонија и солистка Маја Чанаќевиќ, Јордан Плевнеш, Мими Ѓорговска – Илиевска и фотографот Роберт Јанкулоски. 

За него вели најбитни се уметноста, љубовта, пријателството и вербата во луѓето. Прашан дали верува во капацитетот на уметноста да го спаси светот, како што на времето ќе рече големиот Достоевски, во кој и покрај напредок во науката, технологијата, достапноста на информации, на знаење, сведочиме на војни, глад, на анахрони идеологии, Урдин, кој го крстари светот и е познавач на многу култури, и твори и живее на релација Македонија – Белгија, смета дека е неизбежно да се прифати појавата на роботот, вештачката интелигенција како своевиден врв на тој технолошки развој, но не е оптимист дека сите проблеми кои таквиот развој ги носи со себе, ќе се решат во интерес на човештвото.Н ајочигледниот пример за тоа, вели е Африка, каде лично сведочи на метаморфозата на aфриканскиот континент, бидејќи веќе 20 години работи документарни филмови за спас на планетата Земја.

-Мојот менталитет, мојот карактер е таков, кога ќе ми дојде некоја мисла во глава тргнувам по инстинкт и поитоа не се враќам, правам огромни глупости во мојот живот со огромни последици, но кога ќе тргнам нешто да правам не се враќам назад. Прво сакав да направам една слика 7х3 м, потоа, си реков зошто не 8 м и на крај зошто не 10 метри. И ја направив сликата 10х3 метри, 30 метри така што немаше повеќе простор да направам поголема. Сликата ја замислив како астероид затоа што сега сум во таа фаза на истражување на космосот, кој како се движи ги прима по магнетни бранови информациите од човечките цивилизации и ги трансформирав во слика на мој начин. Затоа што уметноста е пат во непознатото. Јас работам цел живот исклучиво само по чувство. Штом не ми предизвика некое чувство, не ме интересира. Значи не е добро. Може на други да им се допадне, но најважно е мене да ми се допадне, вели Урдин, кој со нему својствена страст и сензибилитет продолжува да твори повеќе од пет децении.

Нова постановка на изложбата „Табула раза“ во Букурешт

Во  чест  на големиот  празник  2   август – Урдин отвори монументална изложба во Букурешт, во  големата  сала  на романскиот парламент која  се простира  на околу 650 квадратни метри.

На отварањето  на изложбата   која предизвика   голем интерес во  романската јавност  познатиот уметик презентираше   шеесетина дела во техника масло.

Со  оваа изложба  и неговите  последни самостојни презентации на уметничките  дела  во  Kloser  Contemporary Art  -Кина (2108),Online  MM  Gallery Brussels- Белгија(2020 и 2021),De zwarte Ponter-Антверпен- Белгија (2022),Amodlozi Gallery  -Мајами  -САД (2023) тој  уште  еднаш  го потврди  својот  статус  на   уметник од  светски ранг.