Зошто кинеските електрични автомобили се поевтини? Јапонците ги расклопија и открија
Кина во моментов е лидер во производството на електрични автомобили. Јапонците расклопија дел од нивните модели и дојдоа до одговор на прашањето како успеваат да бидат поевтини од конкуренцијата.
Додека европската автомобилска индустрија и клиентите не покажуваат премногу ентузијазам за електричните автомобили, кинеската автомобилска индустрија постигнува одлични резултати со нив. Европската унија реагираше и откако Америка воведе дополнителни царини за кинеските електрични автомобили.
Минатиот месец, Јапонската Канцеларија за економија, трговија и индустрија одржа семинар на кој беа расклопени некои кинески електрични автомобили. Како што пренесува MSN, анализирани се 90.000 делови од 16 увезени електрични модели. Меѓу нив беа почетниот модел на BYD, Atto 3, моделот на Nio, ET5, но и Tesla Model Y.
Atto 3 се продава на кинескиот пазар од февруари 2022 година. Неговата цена е околу 26.500 евра, што е релативно евтино во споредба со слична конкуренција. Моделот Delphin на BYD започнува од 22.000 евра, а моделот Sea од 32.000 евра.
Експертите од индустријата ги проучувале тајните на кинеските производители на електрични автомобили, вклучувајќи го и BYD, за да се обидат сами да ги намалат трошоците. Се покажа дека клучот лежи во оптимизирањето на производството на делови во фабриката.
Во случајот на електричниот погон Atto 3, интегрирани се осум компоненти, вклучувајќи вграден полнач, трансформатор на еднонасочен напон, мотор, конвертор и редуктор. Ова не само што ја намалува тежината, туку и трошоците за производство.
Покрај тоа, BYD ги произведува повеќето делови независно, вклучувајќи ги и електричните погони и батериите. Имајќи предвид дека батеријата сочинува една третина од трошоците за производство на автомобили, јасно е дека независното производство носи значителни заштеди. Единственото нешто што BYD не го прави се гуми и стакло. Дополнителна заштеда е тоа што моделите Atto, Seal и Dolphin имаат некои заеднички делови, пренесува Форбс.