Зошто Ѓоковиќ го пропушти свеченото отворање на Олимписките игри


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ очекувано го пропушти свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.

Причината е повеќе од јасна – тој веќе в сабота има настап во првото коло, кога ривал ќе му биде Австралиецот Метју Ебден.

Двајцата околу 13 часот и 30 минути ќе се најдат на теренот на стадионот „Филип Шатрије“.

Свеченото отворање на Игрите траеше речиси четири часа и нема сомнеж дека ќе предизвикаше непотребен замор кај Новак.

Своевремено, во Лондон 2012 година, Ѓоковиќ ја имаше честа да го носи знамето на Србија.

Овогодинешната церемонија се одржа покрај реката Сена, а финалето беше насочено кон Ајфеловата кула, односно Лувр, каде беше запален олимпискиот оган.