Зоолошка градина во Скопје доби уште една принова, се роди камила


Од Зоолошка градина Скопје денеска на нивниот фејсбук-профил соопштија дека се родило бебе – двогрба камила.

– За првпат имаме бебе од видот двогрба камила (Бактријан) кое се роди пред една недела.
Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела. Тогаш и сите посетители ќе имаат можност да го видат ова најубаво бебе, наведоа од Зоолошка градина Скопје.

Во текот на изминатата недела во Зоолошката градина се родија и лама и лемур, а претходно се родија лавчиња.