„Зоки Поки“, „Сказна за детето Вилен“ и „Белото циганче“ на Брајово писмо
Во Спомен-собата на Миладиновци ‒ „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска ќе бидат промовирани на книгите на Брајово писмо „Приказни за Зоки Поки“ од Оливера Николова, „Сказна за детето Вилен“ од Глигор Поповски и „Белото циганче“ од Видое Подгорец, како дел од одбележувањето на 200 години од Брајовото писмо и Светскиот ден на Брајовото писмо – 4 Јануари.
„Оваа година ширум целиот свет се одбележуваат 200 години од измислувањето на Брајовото писмо, па во таа чест насекаде се преземаат разни акции, се организираат разни настани, се реализираат разновидни проекти со кои се поттикнува свесноста за значењето на Брајовото писмо, за писменоста и употребата на истото, за можностите кои тоа ги отвора за слепите лица. Во оваа јубилејна година, кога се одбележуваат 200 години од измислувањето на Брајовото писмо и во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден на Брајовото писмо – 4 Јануари, Издавачкиот центар ‘Алдебаран’од Струга, како единствена издавачка куќа во Македонија која рамките на својата издавачка дејност има сегмент за издавање на публикации на Брајово писмо, подготви неколку публикации – класични дела од македонската книжевност во соработка стручни лица вработени во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид ‘Димитар Влахов’ – Скопје“, велат издавачите.
Излегувањето на овие, како што нагласуваат, некомерцијални и исклучително скапи изданија, првенствено го помогна Министерството за култура , но и други општествено одговорни компании и поединци.