ЗНМ: Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство
Советот на Апелациониот суд Скопје составен од судиите Гордана Ѓорчева, претседател на советот, Суад Алиу и Влатко Самарџиски, членови на советот, донесе срамна одлука на штета на слободното новинарство против колегите од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).Овој суд ја укинува пресудата на Основниот граѓански суд Скопје во корист на новинарите и повторно го враќа на судење предметот во кој поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев ги тужи Сашка Цветковска и ИРЛ.
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), за ова решение на Апелациониот суд Скопје ќе ја извести Европската федерација на новинари (ЕФН) каде што се членки и ќе укаже дека станува збор за притисок преку судот на слободното новинарство. Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) исто така за случајот ќе ја извести мрежата на независни совети за медиуми во Европа (AIPCE) каде што СЕММ е членка.