ЗНАМ ја нарече Левица „алчна за пари“ откако остана единствена и без пари и без право да се рекламира


ЗНАМ излезе со реакција за поплаките на Левица дека ќе биде прва партија во Македонија на која и било забрането да се рекламира на изборите на националчните телевизии и што ќе остане без пари  за тоа. Откако е најдено решение за нив и тие ќе земат пари од буџетот за изборите, ЗНАМ  и префрлаат на Левица дека е алчна за пари, во стилот „богатиот не му верува на сиромавиот“. 

-Средствата за рекламирање за претстојните локални избори се распределени по упатството на АВМУ и насоките на ДИК. Се е транспарентно, по јасни правила и закони, а не по желби и апетити на алчни политичари. Нема простор за плачење и театар.Апасиев, „револуционер“ на фејсбук статуси, а во реалност евтин шибицар, денес држи лекции за правда.

Човек кој до вчера беше советниче со дебел хонорар во СЈО – институција чиј начин на работа создаде серија сомнежи и контроверзии, а денес својата партија ја третира како личен банкомат, како личен џеб, по принципот кога сакам – вадам, кога сакам – трошам.

Му порачуваме: Димитар Апасиев, пред да држиш лекции за правда, заврзи си го џебот – таму ти е единствената „револуција“, во парите што ги  вадиш за себе и за дружината околу тебе.Оди кај Венко Филипче, човекот со златна виза подготвен за бегство од државата и мераклија за јахти по Медитеранот.Ти и тој сте совршен тандем, еден краде од здравството, друг краде од 
сопствената партија.И двајцата на крајот ќе завршите на поклон и баци рака кај вашиот газда 
Али Ахмети, таму каде што секогаш завршуваат продадените души, пишуваат од ЗНАМ, најбескорисната партија во владеечката коалиција.