Златна Бубамара 2025 стилски обоена во црвено (фото)

Своевидна модна писта, меѓу седишта, и на (цигара) пауза


Дваесет и осум години „Златна Бубамара“ е најпрестижниот црвен ќилим во Македонија. Не е оној класичниот, како на гала настаните, туку се случува во холот, меѓу седиштата, на (цигара) пауза додека трае програмата. Најоговарачко место. Да бидете видени и да видите. Своевидна модна писта. Среќавате и елита и обичен народ. И дами и девојчиња. И господа и мангупи. И миленици и спонзори. Се направи фама, ако најдете или добиете влезници за Златна Бубамара, значи сте успеале во Македонија.

Нема „Златна Бубамара“ без Сашко Коцев

Водителите, и организаторот, по традиција во смокинзи, со пеперутка вратоврска, и лаковани чевли. Наградените дотерани, а во публика шаренило од мода, од бунди и високи штикли до тексас јакни и патики. 

Сашо Гигов – Гиш и Ана Петановска

Годинава, 28. издание на „Златна Бубамара“ беше стилски обоена во црвено, особено славните личности на сцена или во првите редови на „Борис Трајковски“. Повеќето дами од естрадата, овој пат, ја игнорираа традиционално, елегантната црна боја и се одлучија за црвената боја, симбол на страст и доминација. Или со облеката или со карминот. И да, имаше и еден господин во црвено сако – вечно елегантниот Дарио кој беше награден за трајни вредности. И како што им порача на помладите колеги „ ѕвездите се на небото, а не на земјата“.  Гиш, кој традиционално е во бунда или во етно, сега избра етно стил, а и Слаткар не отстапи од лежерниот изглед. 

Л. Сабит

Фото: ФБ на „Златна Бубамара“, Слободан Ѓуриќ, Дејан Тасевски

„ Ѕвездите се на небото, а не на земјата“: Дарио Панковски
Мис на Македонија Вера Мештеровиќ и Тино Костадиновски
Сузе Национале во црвена тоалета, а згодната Ирена Спировска избра петролеј светкава тоалета
Водителката Јана Серафимова, една од најубавите на вечерта, беше во улога на презентер
Марко Маринковиќ – Слаткар и „Некст тајм“ стилски беа препознатливи
Калиопи во зелен костум и впечатлив гердан
Игор Џамбазов со бордо сако, боја на сезоната и марамче