Зимава ќе ни биде снежна бајка

Очекуваме една многу поразлична зима за разлика од изминатите години, што значи оваа година зимата ќе ни биде многу посилна и богата со врнежи (ќе има и дожд и снег, како и чести снежни бајки), вели метереологот Славчо Попоски.
Повремено поради силниот продор на поларниот вртлог над нашите краишта, се очекуваат и екстремно ниски температури (не е чудно тие да се спуштат и под -20 степени). Слично ќе биде низ целиот Балкан. Што значи дека ни се заканува снежно невреме во следните месеци, судејќи барем по долгорочните анализи направени со најпрецизните нумерички модели, објаснува Попоски.