Зидан во карантин


 

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан е во карантин, по контакт со заразен со корона вирус, соопштија денеска извори блиски до шпанскиот фудбалски клуб.

„Тој е во изолација“, велат истите извори за агенцијата „Франс прес“, и додаваат дека Реал Мадрид чека резултати од тестот за да се утврди точната зџдравствена состојба на Зидан.

Шпанските медиуми пренесоа дека францускиот тренер денеска не можем да го води тренингот на играчите.

Зидан најверојатно нема да ја води екипата на следниот меч против Осасуна.