Жителите на Усје го блокираа сообраќајот на „Борис Трајковски“ бараат фекална канализација
Жителите на населбата Усје во општина Кисела Вода попладнево го блокираа сообраќајот на булеварот „Борис Трајковски“.
Жителите бараат изградба на секундарна мрежа на фекалната канализација.
Сообраќајот е блокиран во двата правца.