Жителите бегаат од Њујорк


 

Граѓаните на Њујорк масовно бегаат од својот град. Од март годинава се иселиле речиси 300.000 домаќинаства.

Главните причини за селење се криминалот, ширењето на корона вирусот, осиромашувањето, но и други економски последици од пандемијата.

Американската поштенска служба објави дека од 1 март до 31 октомври примила дури 295.000 барања за промена на адресата на оние кои го напуштиле Њујорк, што најчесто подразбира цели семејства, а не само поединци, пренесе РТ.

Само од март до јули имало 245.000 такви барања, што е повеќе од двоен раст во однос на истиот период во 2019 година, кога имало 101.000 барања.

Масониот егзодус од најголемиот град во САД се објаснува сос травот од ширењето на корона вирусот, економските проблени, растечката стапка на криминал, но и училиштата со лоѓа репутација.

Државата Њујорк забележа дури 33.000 мртви од Ковид-19, што е најмногу во САД, а од нив дури 24.000 биле од самиот Њујорк.

Американската метропола имаше некои од најстрогите мерки на карантин во САД, поради што пропаднаа илјадници мали бизниси, како ресторани, продавници, салони за убавина.

Кога почнаа протестите по убиството на Џорџ Флојд, не само што Њујорк беше погоден од нереди, туку порасна и стапката на криминал.

Колку Њујорк стана непожелно место за живеење покажуваат и резултатите на истражувањето од јули и август спроведено од Институтот Менхетен. Според него, дури 44 отсто од њујорчаните кои имаат годишен приход над 100.000 долари, размислуваат за иселување од градот. Дури две третини мислат дека состојбата и понатаму че се влошува во Њујорк. Повеќето сметаат дека квалитетот на живот драматично опаднал, а задовослтвото со состојбата во градот е преполовено.

Во однос на криминалот според њујоршката полиција од јануари до септември 2020 имачо 344 убиства, а во цела 2019 година имало 335 убиства. Бројот на пукања во однос на претходната година се зголемил за дури 94 отсто.

Според податоците на американската поѓта, најмногу њујорчани се преселуваат во околните окрузи како Њу Џерски, и окрузите во државата Њујорк, но надвор од градот. Сепак, 13.000 домаќинства се преселиле на Флорида, а 9.000 во Лос Анџелес, на другиот брег од земјата.

Според проценките, дури и побарувачката за недвижности е најмала во последните 14 години, а само на Менхетен има 16.000 празни станови.