Жерновски прогнозира вонредни парламентарни избори


 
Поранешниот градоначалник и екс-амбасадор на Македонија во Романија, Андреј Жерновски, смета дека Македонија е во политичка криза и дека владата е нефункционална бидејќи нема Бадинтерово мнозинство, така што неговите очекувања се по локалните да има и вонредни парламентарни избори.
 
„Изминатиов викенд и дефинитивно стана јасно дека, во мугрите на одржувањето на локалните избори, предвремени парламентарни избори во нашата земја стануваат неопходност. Владејачкото мнозинсто е светлосни години далеку од потребното Бадентеровото мнозинство, што само по себе е индикатор за постоење на политича криза и доказ дека големиот број на пратеници кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ не значи ништо ако не се поседува квалитет за менаџирање на политичките процеси. Навидум стабилните бројки во парламентот не значат и стабилен систем.
 

Одлуките за кои ќе биде неопходно мнозинство гласови од заедниците тропаат на врата, при што за неможноста и неможноста да се избере Народен правобранител, Брисел веќе губи трпение.

Саботниот дебакл на владејачката коалиција во Собранието недвосмислено покажа дека претстои период на реална нефункционалност и дека се разнишани ‘стабилните’ темели што премиерот тврдеше дека ги изградил во првата година од неговиот мандат. Ако се ова тие темели за иднината, тогаш е јасно дека со оваа и ваква влада, Македонија нема никаква иднина. Токму затоа, иако се подготвува за локалните, очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредните парламентарни избори“, пишува Жерновски на социјалните мрежи.