Жерновски отповикан како амбасадор во Романија, дознал од „Службен весник“


Сега веќе поранешниот амбасадор на Македонија во Романија, Андреј Жерновски е отповикан од функциијата. Оваа информација ја објави самиот тој на социјалните мрежи каде напиша дека за ова дознал сосема неофицијално.

„Уште не можат да ги преболат трите круга и поразот во Центар. Од објава во Службен весник дознав дека сум отповикан од должноста амбасадор на нашата земја во Романија, без никаква претходно добиена информација, што е спротивно на основните процедури пропишани во Уставот и Законот. По 192 дена откако ме вратија на “консултации” во државата, при што брутално е погазен Законот за надворешни работи, оваа одлука ја дознав сосема неофицијално. Очигледно, партиското резонирање повторно е посилно од законите и дипломатијата“, напиша Жерновски на социјалните мрежи.