Жерар Депардје приведен за сексуален напад


Актерската легенда  Жерар Депардје (75) е приведен под обвинение за сексуален напад, пишуваат француските медиуми.

Според информациите на BFMTV, тој моментално е на распит во полициска станица во Париз. Тој беше обвинет од две жени, а настаните, според нивните тврдења, се случиле во 2014 година на снимањето на филмот Le Magicien et les Siamois на Жан-Пјер Моки и во 2021 година на снимањето на Volets verts на Жан Бекер.

Жерар Депардје ја негира вината од првите обвинувања и тврди дека е жртва на „медиумски линч“.

На 9 јануари оваа година, една жена поднесе тужба против актерот за сексуален напад пред 10 години, на снимањето на филмот Le Magicien et les Siamois. Жената, која сака да остане анонимна, во моментот на инцидентот имала 24 години. Работела како асистент и со груби реплики го обвинува славниот актер дека и ги допирал интимните делови.

Пред тоа, Депардје беше обвинет за слично однесување од 13 други жени. Наводите беа изнесени од актерки, шминкери и продукциски персонал, од кои некои зборуваа анонимно, а наводното малтретирање се случило за време на снимањето на 11 филмови во периодот од 2004 до 2022 година.

На 16 декември 2020 година, актерот беше официјално обвинет за силување и сексуален напад во врска со тужбата поднесена од Шарлот Арнолд во 2018 година. Случајот претходно беше отфрлен во 2019 година поради недостиг на докази, но беше повторно отворен во 2020 година, а кривичната пријава беше поднесена во декември.

Депардје глумеше во бројни француски филмови, станувајќи познат во 1974 година со филмот Going Places, додека меѓународно признат во 1990 година со англиската комедија Зелена карта. За таа улога доби Златен глобус за најдобар актер.

Неговата улога во францускиот филм Сирано де Бержерак во истата година му донесе награда за најдобар актер на Канскиот филмски фестивал и номинација во категоријата најдобар актер на Оскарите во 1990 година.

Во 2013 година, рускиот претседател Владимир Путин му понуди на Депардје руско државјанство. Актерот лично добил нов пасош од Путин во резиденцијата на рускиот лидер на брегот на Црното Море.