Жерар Депардје побара одложување на судењето поради здравствени причини
Пaриз – На денешното рочиште пред судот во Париз на кое се води судскиот процес против францускиот актер Жерар Депардје, адвокатот на обвинетиот побара одложување наведувајќи го како причина нарушеното здравје на актерот.
„Жерар Депардје е многу погоден од овие обвинувања и, за жал, неговите лекари му забранија да присуствува на рочиштето, поради што ќе побара одложување за подоцна за да може да присуствува на постапката“, изјави адвокатот Жереми Асу за France Info , пренесува весникот Фигаро и потсетува дека Депардје бил обвинет за наводен сексуален напад на две жени за време на снимањето на филмот Зелени прозорци.
Против овој 75-годишен актерски бард се поднесени многубројни слични пријави, а можни се и други правни постапки. Имињата на двете жени кои го обвинија Депардје за злоупотреба за време на снимањето на филмот Зелени прозорци од 2021 година не се објавени.
Една од тужителките, уредничка која сега има 55 години, во февруари изјави дека претрпела сексуален напад, сексуално вознемирување и сексистички навреди додека била ангажирана во приватна куќа за снимањето на филмот на Жан Бекер Зелени прозорци со Депардје како главен. актер.