Женска слободна зона со герила акција го одбележа Денот за борба против насилство врз жените


Женската иницијатива Женска слободна зона со обележување на јавните простори во градот Скопје, каде најчесто се случува сексуално вознемирување на јавни простори го одбележа 25 ноември – Меѓународен ден за борба против насилство врз жените и одбележува 16 дена против родово базирано насилство.

Герила акцијата е изведена на места, односно локации наведени од жени и девојки кои доживеале сексуално вознемирување на јавните простори во градот Скопје и кои пополниле анкета спроведена во октомври годинава.

-Со оваа акција, сакаме да ја подигнеме свесноста за оваа форма на сексуално вознемирување и истовремено да испратиме порака за солидаризација и заедничка борба против сите форми на вознемирување и насилство врз жените, велат ид иницијативата Женска слободна зона.

Женска слободна зона (ЖСЗ) е женска иницијатива за зголемување на свесноста за сексуалното вознемирување на жени на јавни простори. Иницијативата е производ на желбата за солидаризација и заедничка борба против сексуалното вознемирување, уличното вознемирување и мизогинијата, како и на нашите заложби за изградба на мир во општеството преку намалување на родовиот јаз.