Женгли: Лилјаците пренесуваат уште многу вируси, сигурно излегле и од Кина

Кинеската научничка Ши Женгли од Институтот за вирусологија во Вухан, предупреди дека во некои области во јужниот и југоисточниот дел на Кина, лилјаците се носители на други видови корона вирус, кои уште сега можат да се пренесат на луѓето.

Таа оцени дека е можно тие опасни вируси веќе да циркулираат и надвор од границите на Кина, пренесе Гардијан..

„Тие вируси треба да ги побараме и во други земји во Азија, не само во Кина, предложи Ши, која се занимава со изучување на коронавирусот што го пренесуваат лилјаците. Таа и нејзиниот тим веќе 10 години ги проучуваат корона вирусите.