Жената што беше убиена пред Конгресот е воена воздухопловна ветеранка


Американските медиуми го открија идентитетот на жената која беше убиена вчера при обидот за упад во Конгресот каде се одржуваше седница за потврда на победата на Џо Бајден на претседателските избори.

Настрада Ешли Бебит, ветеранка од американското воено воздухопловство од Сан Диего, пренесува Кликс.ба, повикувајќи се на Њујорк пост.

Непосредно пред упадот на поддржувачите на Трамп во Конгресот, таа на Твитер напишала дека „ништо нема да ги запре“ и дека „бурата стигна“.

– Ништо нема да не запре. Може да се обидат, но бурата е тука и се спушта на Вашингтон во помалку од 24 часа. Темнината се претвора во светлина, напишала таа вчера на Твитер.

Моментот кога таа е убиена се појави како снимка на социјалните мрежи.

Само неколку часа пред да упадне со останатите поддржувачи на Трамп во Конгресот, Бебит на Твитер објавила список од работи кои „мораат да бидат направени пред да се состане Конгресот“.

Нејзиниот список вклучувал оставка на потпретседателот Мајк Пенс и поднесување обвинение против него за предавство. Пенс, потсетуваме, вчера не сакал еднострано да одбие верификација на електорските гласови, заради што Трамп го нападна на Твитер.