Жбогар ќе им го врачи Извештајот на ЕК на Пендаровски, Џафери и Заев


Фото: Б. Грданоски
Шефот на делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар попладне ќе го врачи Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјата за 2019 година на претседателот Стево Пендаровски, на претседателот на Собранието Талат Џафери, на премиерот Зоран Заев и на претставник на судската власт.

Жбогар ќе им го предаде Извештајот во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија во „Вила Водно“ во 14:45 часот.

По врачувањето на Извештајот, изјави за јавноста ќе дадат претседателот Пендаровски, претседателот на Собранието Џафери, премиерот Заев и евроамбасадорот Жбогар.