Зградата на МНР осветлена во боите на германското знаме по повод утрешната посета на Аналена Бербок

По повод утрешната посета на министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија Аналена Бербок на Република Северна Македонија, зградата на Министерството за надворешни работи вечерва е осветлена во боите на германското знаме.

Шефицата на германската дипломатија ќе оствари средби и со парламентарната Комисија за надворешна политика, како и со претставници на опозициските партии.
Според агендата од МНР, по пристигнувањето, Бербок и Османи ќе одржат тет-а-тет средба, потоа ќе следува средба на двете делегации, а двајцата министри ќе одржат и заедничка прес – конференција.
Фокусот на разговорите меѓу двајцата министри, како што најавија двете страни, ќе биде пристапниот процес на земјата во ЕУ, а особено потребата за уставни измени како неопходен чекор кон Унијата.
Од Скопје, Аналена Бербок во петок ќе отпатува во Грузија.