Земјотресот оштети неколку соби во болницата во Битола, зградата е стабилна

Во болницата дошле струљаци од Институтот за земјотресно инжинерство да го проверат оштетувањата


Оштетените соби во болницата се затворени

 

Неколку болнички соби кои беа оштетени од земјотресот се затворени од безбедносни причини, но зградата е стабилна и функционирањето во неа не е доведено во опасност, вели д-р Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола. 

„Во Клиничка болница евидентирани се посериозни оштетувања по серијата земјотреси во Битола. Во интерес на безбедноста на пациентите и персоналот донесена беше одлука да се затворат дел од капацитетите во одделението за Неврологија и дел од машкиот дел во одделението за интерни болести односно да се затворат оштетените болнички соби. Превентивно оваа седмица беше откажан елективниот хируршки програм. Во вторникот се обративме до ИЗИИС и веќе вчера на увид за состојбата беше екипа од Инситутот и комисијата од Општината. Зградата е стабилна и функционирањето во неа не е доведено во опасност“, изјави д-р Гагачовска. (А.Б.)