Земјотрес со јачина од 4,6 степени во БиХ
Босна и Херцеговина е погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтер, јави ЕМСЦ. Епицентарот е забележан на длабочина од 2 километри, 24 километри северозападно од Зеница и 20 км североисточно од Травник.
„Во Травник, затресе и траеше околу 5 секунди. Се почувствува како доаѓа“, напиша еден жител на овој босански град на ЕМСЦ.
„Бучен и силен, но краток“, коментира жител на Зеница.
За сега нема информации за материјална штета или повредени.