Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала ја потресе Босна и Херцеговина

Според првите информации од апликацијата на EMSC, земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала ја потресе БиХ околу 12:00 часот.
Епицентарот бил 20 километри југозападно од Мостар, односно 13 километри северно од Љубушки.
Земјата се тресела пет до шест секунди, објавија локалните медиуми, а му претходел силен и гласен удар. Според EMSC, земјотресот се случил на длабочина од седум километри.