Земјотрес со интензитет од 5,2 степени по Рихтер ја погоди источна Турција
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди источна Турција, јавија светските агенции повикувајќи се на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри, соопшти центарот.