Земјотрес од 5,6 степени на Тајван, нема податоци за штети


Земјотрес со јачина од 5,6 степени е регистриран денеска во близина на бреговите на североисточниот округ на Тајван – Илан, соопшти локалната сеизмолошка служба.

Засега нема информации за штети.

Потресот накратко ги затресол и зградите во главниот град Тајпеј, јавија локалните медиуми.

Земјотресот се случил на длабочина од 66 километри, соопшти тајванската сеизмолошка служба.