Земјотрес од 5,3 степени го погоди западот на Турција

Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес претпладне во западниот дел на Турција. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), хипоцентарот на земјотресот се наоѓал на приближно 8 километри длабочина под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјални штети или повредени, а надлежните служби продолжуваат со внимателно следење на ситуацијата.