Земјотрес од 5 степени ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 5,0 степени по Рихтер денес ја погоди западна Турција, со епицентар во Мраморното Море, на 39 километри оддалеченост од покраината Текирдаг, известува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот беше почувствуван и во Истанбул, кој е оддалечен околу 100 километри од епицентарот на земјотресот, според медиумите.
Според соопштението на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.