Земјотрес од 4,2 степени по Рихтер во Србија


Земјотрес со магнитуда од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 14:43 часот во Србија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Соколовица, приближно 12 километри од неговиот центар.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 6 километри под површината на земјата.

Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.