Земјотрес од 3,8 степени според Рихтер во близина на Битола


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, регистрира земјотрес во 14 часот и 1 минута со Рихтерова магнитуда 3,8 чиј епицентар се наоѓа на 125km јужно од Скопје на границата со соседна Грција а потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин.

Од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ во Скопје соопштија дека земјотресот најсилно е почувствуван од населението во Битола и околината и тоа со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала додека во останатиот југозападен дел на Републиката земјотресот беше почувствуван со интензиет од III-IV степени според истата скала.

Според досегашните податоци овие земјотреси освен мала вознемиреност кај населението не предизвикаат материјални штети.