Земјотрес од 3 степени по Рихтер почувствуван во околина на Валандово
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 13 часот и 09 минути, регистрира земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 степени, чиј епицентар се наоѓа на 132 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово.
Земјотресот, според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, е почувствуван во југоисточниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.