Земјотрес од 2,8 степени во близина на Гевгелија


Попладнево нов земјотрес е регистриран во Македонија со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот е регистриран во 13.09 часот.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, епицентарот е на 12 километри од Гевгелија, во близина на Миравци.

Засега нема информации за предизвикана материјална штета или повредени лица.