Земјотрес кај Крагуевац во Србија
Прилично силен зејотрес се случи синоќа во Србија, околу 25 минути по полноќ.
Според информациите на ЕМСЦ, магнитудата на земјотресот изнесувала 4,4 според Рихтер, а епицентарот бил на 10 километри југоисточно од Крагуевац.
Српскиот сеизмолошки завод јави потоа дека земјотресот бил со јачина од 4,1 според Рихтер, за на крајот дирекотрот на Заводот за сеизмологија да објави јачина од 3,9.
Длабочината на потресот била 2 км.
„Прво се слушна како експлозија, а потоа следуваше кус и силен потрес“, сведочат граѓаните во коментари на ЕМСЦ.
Нема дојава за штети.