Зеленски ја нарече Русија „луд сосед“, се испитува дострелот на ракетата


Украинскиот претседател Володомир Зеленски реагираше на последниот напад од страна на Русија за кој претходно од Киев се тврдеше дека е изведен од балистичка ракета од долг дострел.

„Денес, нашиот луд сосед уште еднаш ја откри својата вистинска природа – презирот кон достоинството, слободата и самиот човечки живот. И, најмногу од сè, неговиот страв. Стравот е толку поразителен што испушта проектили по проектили, пребарувајќи низ светот за повеќе оружје – без разлика дали е од Иран или Северна Кореја. Денеска тоа беше нова руска ракета. Неговата брзина и висина укажуваат на интерконтинентални балистички способности. Истрагите се во тек.

Јасно е дека Путин ја користи Украина како полигон за тестирање. Исто така, јасно е дека тој е преплашен од нормалниот живот покрај него. Живот во кој луѓето живеат достоинствено. Земја која сака да биде слободна и има право да биде независна.

Путин ќе направи се за да го спречи неговиот сосед да му се лизне од рака. И му благодарам на секој Украинец – мажи и жени – кои ја бранат Украина од ова зло со издржливост, храброст и сила. Со достоинство. Достоинство -тоа е еден од клучните зборови за Украина. И тоа е збор што веројатно никогаш повеќе нема да се употреби  за Русија“, порача Зеленски.