Зеленски во Берлин на 13 мај
БЕРЛИН – Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го посети Берлин на 13 мај на покана на канцеларот Олаф Шолц. Зеленски, кој е во близок контакт со Шолц од почетокот на војната, во интервју пред неколку месеци рече дека има „подеми и падови во односите со Германија“. Украина изврши притисок Берлин побрзо да испорача повеќе оружје за да може да го користи во битката против инвазијата на руските сили.
Според извештаите на медиумите, Зеленски се очекува да слета на воениот дел на аеродромот во Берлин, а потоа да се смести во хотелот Риц-Карлтон на центарот на Потсдамер Плац. Потоа тој ќе биде официјално примен со воени почести од Шолц на 14 мај. Планирани се разговори и прес-конференција, а напладне има средба со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.
Украинскиот претседател потоа треба да лета со хеликоптер за Ахен, каде што ќе биде почестен со Меѓународната награда Карло Велики пред да се врати во Украина.
Зеленски денес е во Хелсинки на самит со нордиските лидери, а претходно ги посети САД, западноевропските престолнини и Полска од почетокот на војната.