Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија тврди дека – го окупирала!


Украинскиот претседател Володомор Зеленски пристигна денес во Купјанск, град за кој рускиот лидер Владимир Путин тврди дека е „под руска контрола“. Градот, прогласен за „ослободен“ од руската пропаганда, останува жестоко бојно поле. Всушност, украинските сили тврдат дека уништиле поголем дел од напаѓачките трупи. Сепак, остануваат неколку жаришта на борбите. 

„Многу Руси зборуваа за Купјанск – можеме да го видиме резултатот. Јас бев таму, ги поздравив нашите момци. Ви благодарам на сите што се борат тука, на сите што го уништуваат окупаторот.

Денес е исклучително важно да се постигнат резултати на фронтот за да може Украина да постигне резултати во дипломатијата. Така функционира: сите наши силни позиции во земјата – силни позиции во разговорот за завршување на војната. Му благодарам на секој војник! Горд сум на вас! Благодарен сум на сите наши копнени сили – денес е исклучиво ваш ден. Ви благодарам, момци“, порача зеленски со видео порака.