Зеленски: Русија спроведува „енергетски тероризам“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Кремљ дека прибегнува кон „енергетски тероризам“ откако руските трупи имаат се помалку придобивки на бојното поле.Зеленски рече дека 4,5 милиони луѓе останале без струја по руските напади врз нејзината енергетска мрежа
Нападите доаѓаат откако официјални лица изјавија дека руските трупи најверојатно ќе се повлечат од клучниот јужен град Херсон по серијата болни порази на бојното поле. Според Зеленски, само во последниот месец, една третина од електраните во земјата биле уништени.