Зеленски не го потпишал договорот за минералите што ги сака Трамп
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/01/Skot-Besent.jpg)
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, очекуваше лична средба со американскиот претседател Доналд Трамп, но наместо тоа во Киев пристигна американскиот министер за финансии Скот Бесент.
Според Си-Ен-Ен, Бесент му понудил финансиски договор околу минералите во вредност од 500 милијарди долари што ги сака Трамп, но Зеленски не го потпишал.
Додека Бесент беше во главниот град на Украина, се дозна за телефонскиот разговор на Трамп со Путин.