Зеленски до Путин: Ја сакавте цела Украина, место тоа цела генерација испративте во кланица


Украина денес ја слави 35-годишнината од својата независност што беше повод украинскиот претседател, Володимир Зеленски, да потврди дека  неговата земја е подготвена да ја заврши војната – но дека нема да се согласи со непроменетите услови на Москва.

„Нема да им дозволиме да преземат иницијатива и да ја измамат Европа и целиот свет убедувајќи ги дека Украина само треба да се откаже од Донбас и дека сè наскоро ќе заврши. Немаме илузии. Не им веруваме“, рече тој во видео порака објавена на социјалните медиуми.

Тој истакна дека Украина „не го дава она што е свое“.

Обраќајќи му се директно на Владимир Путин, тој рече: „Сакавте да ја заземете цела наша Украина, целата наша земја; наместо тоа ги изгубивте вашите рафинерии за нафта, вашата флота, вашата заработка, цела генерација што ја испративте во кланица.“

Тој исто така порача дека Путин се надева дека се уморни, но тие знаат дека е смртник, порачувајќи дека тој  никогаш не ги разбрал – а сега нема да има ни време за тоа.

„Сакавте да исчезнеме од мапата. Сега исчезнувате од меѓународната агенда на идната цивилизација“, рече зеленски, нагласувајќи ја клучната улога на одбранбената индустрија на Украина во зачувувањето на независноста на земјата.

Тој наедно изрази надеж дека ракетите „Фламинго“ на Украина ќе играат важна улога во текот на зимата.