Зеленски би му удрил шлаканица на Орбан
Украинскиот претседател Володомир Зеленски вбо својот говотр во Давос ги спомена и проруските сили во Европа. Притоа, тој им даде совет на лидерите во ЕУ како да се справат со нив:
„Гледаме дека силите што се обидуваат да ја уништат Европа не губат време.
Секој „Виктор“ што живее од европски пари и се обидува да ги продаде европските интереси заслужува шлаканица“, порача најдиректно Зеленски, алудирајќи на Виктор Орбан, премиерот на Унгарија.
Орбан не му остана должен со одговор:
„Драг претседателе, ми се чини дека нема да можеме да се разбереме. Јас сум слободен човек кој му служи на унгарскиот народ. Вие сте човек во очајна позиција кој, веќе четврта година, не е во можност или не е подготвен да стави крај на војната – и покрај фактот дека претседателот на Соединетите Американски Држави обезбеди секаква можна помош за тоа.
Затоа, без разлика колку ми ласкате, не можеме да ги поддржиме вашите воени напори. Украинскиот народ, се разбира – и покрај вашите внимателно одбрани навреди – сè уште може да смета на нас дека ќе продолжиме да ја снабдуваме вашата земја со електрична енергија и гориво, а ние исто така ќе продолжиме да ги поддржуваме бегалците што пристигнуваат од Украина.Самиот живот ќе го реши останатото, и секој ќе го добие она што го заслужува. Виктор.“