Зелен хуман град реагира: Се подготвува масовно сечење дрвја во Аеродром


Зелен хуман град објави дека се обележани  за сечење над 100 дрвја во Аеродром кај Воениот базен за проширување на улицата. Според нив, пораки за тоа им испратиле  жителите во населбата.

-Бетонизацијата на градот е во полн ек и се создаваат услови за сè поголемо загадување. Температурите во лето стануваат сè понеподносливи и младите дрвца што ги садат не успеваат. Ова не смее да се дозволи, порачуваат од Зелен хуман град.