Затворени патишта, откажани возови, евакуација поради поплави на југот од Франција


Јужниот дел од Франција е зафатен од големо невреме со обилни дождови и силни ветрови што доведе до затворање на патишта и откажување возови, а евакуирани се и 150 граѓани, јавуваат француските медиуми.
Екстремните временски услови го погодија југот на Франција  во вторникот вечерта и продолжија на Прованса и Азурниот брег во средата, вели еден француски метеоролог.
Десет департмани се во портокалова алертна фаза, што предупредува на обилни врнежи, силни ветрови и локални поплави.
Поради невремето затворени се неколку патишта, откорнати се дрвја и покриви, а противпожарните бригади помагаат на населението.
Возот што ги поврзува Тулуз, Монпеље и Перпињан не сообраќа.
Во вторникот вечерта беа евакуирани и 150 луѓе од кап близу Сиже од безбедносни причини.

Во 24 часа наврнале меѓу 150 и 200 мм дожд.