Засадени над 1.000 дрвца во општина Неготино


Во текот на вчерашниот ден на територијата на општина Неготино се спроведе акција за садење нови 1.050 дрвца.

Пошумениот двегодишен багрем ќе го надополнува празниот простор на познатата неготинска Цуцка, локација на која со децении се реализираат вакви акции за пошумување.

Пошумувањето го спроведе комуналното претпријатие при Општина Неготино заедно со платформата Кајак.мк која е донатор на садниците.

Од Кајак.мк, велат дека нивната платформа донира по едно дрвце од секоја успешна онлајн резервација. Со тоа може да се потврди дека сите засадени дрвца се дрвца од граѓаните кои во изминатиот период резервирале и платиле преку платформата.

Комуналното претпријатие на Неготино е често вклучено во ваквите акции за садење дрвца, бидејќи како што велат од таму, колку повеќе дрвца, толку поубава општина.

Цел на ваквите акции за пошумување е да се поттикнат граѓаните да размислуваат од еколошки аспект. Засега плаќањето со картичка на интернет е еден од најеколошките начини на купување, бидејќи заштедува време, енергија и ресурси, а како што велат од Кајак.мк донира и по едно дрвце за пошумување.

Акциите за пошумување ќе продолжат во текот на наредните денови каде се очекува да бидат засадени и други видови дрвца.