Започнува реконструкција на коловозот на патот кон Манастирот „Пеленица“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на започнување на проектот за реконструкција на коловозот на патот кон Манастирот „Пеленица“ во Општина Кисела Вода.
Како што најави владината прес-служба, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.