Започнува реконструкција на 36 мостови низ Скопје

Град Скопје соопшти денеска дека во соработка со Јавното претпријатие Улици и патишта отпочнува со проект за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје.
„Дел од мостовите и натпатниците како повеќедецениски предизвик и покрај потребата не се санирани, а неопходна е реконструкција на коловозот, тротоарите и оградите, со што значително ќе се придонесе за зголемување безбедноста“, се вели во соопштението до медиумите.