Запалено полициско возило во МВР, пожарот е изгаснат


Од Министерството за внатрешни работи ни потврдија дека денеска во 10 часот во нивниот комплекс дошло до опожарување на полициско возило “Пинц гауер” од засега непознати причини . Полициското возилo се запалилило во кругот MВР во делот кај бензинската пумпа. Од страна на полициските сили и на пожарникари пожарот е изгаснат.

Претходно дел од медиумите објавија дека чадот што доаѓа од објектот ги вознемирил граѓаните што живеат и поминувале во близина.