Запалени два сервиса за возила во поранешна „Стаклара“ пред Пинтија


Пожар рано утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, над Стаклара во местото викано Каменик. Во сервисот имало повеќе автомобили, масло за автомобили и запаливи предмети. 

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот избувнал пред 04 часот и дека е изгаснат пред шест часот. На терен интервенирале осум противпожарни возила.

„После целовечерна борба со три пожари во Скопје, утринско кафе со командирот на Противпожарната бригада, Звонко – вистински чувари на градот и наши херои!

Во продолжение на неколкудневните пожари во градот, оваа ноќ во 4 часот беа запалени два сервиси за автомобили во „Стаклара“.
 
Благодарение на брзата реакција на противпожарната бригада, пожарот е целосно згаснат.
Иако има материјална штета, за среќа нема повредени и жртви.
Ова што се случува е повеќе од случајност, ова е алармантно!
Некој упорно го потпалува градот, а за тоа ќе мора да има одговорност.
Повикувам на итно постапување на МВР и Јавното обвинителство, ова мора да запре!“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Кислеа Вода, Орце Ѓорѓиевски и кандидат за градоначалник на Скопје.