Запалени 5G антени затоа што наводно предизвикувале корона вирус


Ширењето на лажни вести дека 5G мрежата ја предизвикува короната, довела до лоши последици низ Велика Британија.

Во неколку градови во Велика Британија запалени  се столбовите за мобилна телефонија, и дошло до  злоупотреба на еден од инженерите затекнат таму основана во неоправдани теории за поврзаноста на вирусот корона со 5G мрежа, се вели во заедничката изјава на британските мобилни провајдери.

Откако на социјалните мрежи беа објавени фотографии од запалените столбови, провајдерите истакнале дека ширењето на ваквите гласини е вознемирувачко

Столбови биле запалени во Спархил, Бирмингем и Мелинг.

Секретаријатот за дигитална технологија, култура, медиуми и спорт објави дека е запознен со тоа  дека на интернет се шират неточни информации за 5G технологијата.

На 3 април Фејсбук ја отстрани страница на која се прикажани фотографии од столбовите што горат и ги охрабруваат ги другите да го сторат истото. Mobile UK наведув дека е уште позагрижубачко тоа што некои луѓе ги злоупотребувале нивните работници и се заканувале дека ќе ја оштетат инфраструктурата поради тврдењата за 5G технологија.

– Тоа само негативно влијае на способноста на нашата индустрија да го одржи оперативниот капацитет на мрежите за поддршка на масовната работа од дома и достапноста на итни услуги“, забележа компанијата.

Луѓето и познатите личности продолжуваат да пренесуваат непроверени и недокажани информации за 5G технологијата, што ги доведува во заблуда многу корисници да кажат дека 5G е штетно, иако нема докази за тоа, а особено дека 5G предизвикува вирус корона, што е научно побиено.