Заменик-градоначалникот на Скопје, Александар Трајановски поднесе оставка – „од кал да е – директор од Сарај да е“

Како човек кој осум години е дел од СОветот на Град Скопје, ми беше чест да прифатам да бидам заменик-градоначалник на Град Скопје. Оваа функција без никакви привилегии ја прифатив исклучиво да се обидам да придонесам за подобрување, развој, модернизација на Градот, јавните претпријатија, нивните услуги за граѓаните и начинот на функционирање“, рече Трајановски образложувајќи ја својата одлука.
Тој рече дека градоначалничката Арсовска се грижи единствено за „кланот од Сарај“, кој под незјино водство владее со Скопје. Трајановски смета дека градоначалничката се грижи само за Сарај, а сите директори на јавни претпријатија доаѓаат токму од оваа општина: „од кал да е – директор од Сарај да е“, рече тој, пред денешната седница во Советот на град Скопје.
– Да ми кажеше некој тогаш, дека сѐ ова што го правам за да со Град Скопје и јавните претпријатија владее екипа од Сарај и ДУИ, уште тогаш ќе одбиев – рече Тајановски.
Појасни дека кога се нафатил да биде заменик -градоначалник, Арсовска наводно била во битка со партизираните претпријатија. Спомна дека Косана Мазнева, која беше директорка на „Комунална хиогиена“, влезе во пресметка со екипа која „ги тероризираше вработените во претпријатието и ги користеа ресурсите и капацитетите на претпријатието како нивна своина“. Таа единствено се спротивставила на овие практики, а за тоа била „наградена“ со отказ, а денес „градоначалничката токму од таа екипа назначува директори“.
– Во изминатава година Град Скопје со сите свои ресурси и капацитети работи на проекти исклучиво во Сарај, како да не постојат останатите општини во Скопје. јас не прифаќам да бидам заменик-градоначалник само на Сарај, не прифаќам градоначалникот да удоволува само на оптшина Сарај – рече Трајановски.