Залуден ПР на Израел, реалните бројки се неумоливи: Драстично е намален бројот на туристи во земјата


Иако Израел се обидува на јавноста да и ја претстави сликата дека војната во Газа не ја потресе значително земјата, податоците во реалноста го негираат ваквиот став на владата, а тоа особено се однесува на туризмот.

Според израелските медиуми, во првата половина на 2024 година, бројот на пристигнувања на странски државјани во земјата изнесувал четвртина во однос на истиот период во 2023 година.

„Во првата половина на 2024 година, во Израел пристигнале 501.000 туристи, во споредба со 2,1 милиони во истиот период во 2023 година. Во текот на месец јуни, бројот на странци кои влегле во Израел бил само 97.700 во споредба со 355.200 во истиот месец минатата година. “, покажува статистиката.

Се намалил и бројот на Израелци кои решиле да патуваат во странство.

Според статистичките податоци, во јуни 2024 година, 757.000 Израелци решиле да патуваат, додека во истиот период од 2023 година таа бројка изнесувала 979.400.

„Во првата половина на 2024 година, три милиони Израелци ја напуштија земјата во споредба со 4,5 милиони во истиот период во 2023 година“, се заклучува во статистичката анализа.